📽Германските компании ја напуштаат Tesla поради политиката на Маск

од Vladimir Zorba
1,4K прегледи

Водечките германски компании почнаа да ги прекинуваат врските со Tesla поради политичките активности на Илон Маск и неговите неодамнешни изјави поврзани со германската политика. Многу инвеститори се загрижени за врските на сопственикот со екстремно десничарската политика и следствено на имиџот на брендот.

Германските медиуми Der Spiegel, Stern и Das Tagesspiegel известуваат за револтот против брендот Tesla во врска со последните политички изјави на Илон Маск.

Меѓу првите што реагираше е енергетската компанија Badenova, која одлучи да не го продолжи закупот на возилата Tesla. Членот на одборот Ханс-Мартин Хелебранд не ја криеше својата загриженост за новата улога на Маск како советник на американската влада. Сличен потег направи и друга енергетска компанија, Lichtblick, која постепено ги исфрла возилата на Tesla од својата флота. Нивниот шеф за инфраструктура Кевин Литиер отворено изјави дека поддршката на Маск за Доналд Трамп и десничарските партии е во спротивност со вредностите на нивната компанија.

Бранот откажувања на соработка ги зафати и другите сектори, пишува „Autonet“. Rossmann, еден од најголемите синџири на аптеки во Европа, се откажа од плановите да ја замени својата флота возила на компанијата со електрични автомобили Tesla. Градежната компанија „Viebrockhaus“ престана да поставува батерии и други производи Tesla, бидејќи, како што велат, однесувањето на Маск не се совпаѓа со нивните деловни принципи.

Што предизвика ваква реакција?

Маск се повеќе се вклучува во германската политика, особено ја поддржува партијата Alternative für Deutschland (AfD). Тоа е екстремно десничарска опција која некои ја нарекуваат „екстремистичка организација“ поради поврзаноста на некои нејзини членови со неонацистичките идеи.

Ситуацијата стана уште понапната кога активистите проектираа слика на Маск и, како што многумина толкуваа, нацистички поздрав, заедно со протестни пораки, на фабриката на Tesla во Берлин.

Иако бојкотот привлече големо внимание, веројатно нема да има значително влијание врз глобалното работење на Tesla. Но, во Германија, компанијата веќе има проблеми на пазарот, со пад на продажбата за 41% во 2024 година, околу 26.000 возила во споредба со претходната година. Дел од падот може да се припише на намалените владини стимулации за електрични возила, но падот на продажбата на Tesla е далеку поголем од оној на другите производители на електрични автомобили во регионот.

Слични содржини