Независноста на Huawei од Западот продолжува, а сега компанијата го претстави HarmonyOS PC (Honmeng Computer за кинескиот пазар), свој оперативен систем за компјутери.
HarmonyOS PC беше претставен за време на настанот на Huawei за компјутерска технологија и комуникација во екосистемот HarmonyOS, а таа чест ја имаше претседателот на одделот за таблети и персонални компјутери на Huawei, Жу Донгдонг.
HarmonyOS PC е базиран на три главни столба, HarmonyOS Base, HarmonyOS Ecosystem и HarmonyOS Experience.
Base го содржи јадрото HarmonyOS, Ark Engine за графика и перформанси на корисничкиот интерфејс, како и архитектурата StarShield за безбедност и разни други backend компоненти.
Ecosystem вклучува повеќе од 150 ексклузивни апликации и интеграција за повеќе од 2.000 универзални апликации за екосистемот. Постои интегриран WPS канцеларија, како и разни апликации, за да се задоволат основните компјутерски барања.
Experience поддржува повеќе од 1.000 надворешни уреди, 800 стандардни периферни уреди и 20 категории уреди како што се тастатури, глувци и монитори. Исто така, поддржува повеќе од 200 секундарни уреди како што се печатачи, скенери и друго.
HarmonyOS PC има и длабока интеграција со вештачка интелигенција. Нема многу детали за корисничкиот интерфејс, но видеото открива дека оперативниот систем има серија икони во долниот дел на почетниот екран.
Huawei потврди дека HarmonyOS PC ќе биде достапен од 19 мај.