📽Како изгледа внатрешноста на моторот на Honda Civic по 400.000 километри?

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Моторите на Honda од раните 2000-ти се изградени да траат вечно, под услов да се одржуваат правилно.

Овој јапонски бренд произведува некои од најсигурните автомобили на планетата. Доколку правилно се однесувате со вашата Honda, со редовно сервисирање и одржување, без да и „вадите душа“, таа ќе може да помине стотици илјади километри без поголеми проблеми.

Моторот од предметниот Civic поминал околу 400.000 километри пред да биде заменет, но сепак изгледа неверојатно добро сочуван.

Каналот на YouTube „I Do Cars“ го раздели 1,7-литарскиот D17 атмосферски Honda Civic од 2003 година за да види како километражата влијаела на внатрешноста на моторот. И покрај фактот што очигледно има потреба од сервис, погонскиот појас на брегаста осовина одамна требало да бидат заменети, повеќето компоненти, вклучително и главата на цилиндерот и клиповите, се во одлична состојба.

Се разбира, моторот кој поминал толку километри мора да покажува некои знаци на истрошеност, без разлика колку добро се одржувал. Иако се чини дека промените на моторното масло се вршат редовно, има одредено вертикално абење на ѕидовите на цилиндерот, како и абење на главните лежишта и лежиштата на поврзувачката прачка.

Ерик, водителот на каналот, исто така пронашол ѓубре во цевката за довод на масло, кое некако се заглавило во работното коло на пумпата за вода. Навлегувајќи уште подлабоко во проблемот, тој ја открил причината зошто овој мотор бил заменет: лоша заптивка на главата на моторот. Според Ерик, овие мотори можат да патуваат илјадници километри со лоша заптивка, што веројатно се случило со оваа единица.

И покрај тоа што изгорел малку антифриз, веројатно работел доста добро, што се гледа и од општата состојба. Се разбира, сопственикот можеше само да ја замени заптивката, но со оглед на километражата, реши да го замени целиот мотор.

Слични содржини