📽Канје: Изгубив 2 милијарди долари за еден ден, пријател ми купи вечера

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Откако предизвика скандал на Греми наградите кога неговата партнерка Бјанка Ценсори се појави во проѕирен фустан, Канје Вест се појави на подкастот The Download на Џастин Лејбој и откри како изгубил две милијарди долари за само еден ден.

47-годишниот рапер објасни дека негов пријател морал да плати за неговата вечера бидејќи сметките му биле замрзнати. Тој откри како изгубил пари кога Адидас и други брендови го отфрлиле поради неговите антисемитски изјави.

„Тоа беше лудо и како епизода од Black Mirror. Сакаа да направат се за да ми докажат дека немам право да кажам ништо гласно што е против луѓето кои ги поседуваат медиумите и луѓето кои ја поседуваат музичката индустрија. Можеме да кажеме се. Можеме да кажеме: „Ќе те убијам“. Можеме да кажеме: „Ќе ти продадам дрога“. „Можеме да кажеме: „Се дрогирам“, но не можете да го кажете ова“, рече тој.

Патем, Канје неодамна се пофали со своето богатство кога сподели објава од Eton Venture Services во која се наведува дека неговото богатство во 2025 година се проценува на 2,77 милијарди долари.

За потсетување, поради скандалот што го направија на Греми, раперот би можел да остане без договор вреден 20 милиони долари. Имено, тој би можел да остане без договор со меѓународен концерт, според кој требаше да се појави на два настани во Tokyo Dome овој мај, но излегувањето на Бјанка предизвика бројни негативни реакции кај публиката во Јапонија.

Слични содржини