Аеродромот Келн-Бон соопшти дека утринава пристап до аеродромот добиле „неовластени лица“. Најмалку четири дојдовни летови се пренасочени кон блиските аеродроми во Дизелдорф и Хановер, јавува Би-Би-Си.
Десетици летови кои заминуваа од аеродромот во Келн беа одложени или откажани. Групата Last Generation соопшти дека пет луѓе останале залепени на пистата.
Групата рече дека „слични мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани низ Европа и Северна Америка.
🔥 Oil Kills! Internationale Protestkampagne gestartet!
‼️ Aktuell befinden sich Unterstützer*innen der Letzten Generation auf dem Rollfeld des Flughafens Köln/Bonn und beeinträchtigen so den Flugverkehr. Gleichzeitig wird weltweit in über 10 Ländern an Flughäfen protestiert!… pic.twitter.com/RLSsVSwMfS
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 24, 2024
Инаку, Келн-Бон е шестиот најфреквентен аеродром во Германија – зад Хамбург, Дизелдорф, Берлин Бранденбург, Минхен и Франкфурт. Во мај, аеродромот во Минхен беше принуден да затвори два часа откако шест демонстранти се залепија на пистата.
Осум лица беа уапсени, но прекинот доведе до пренасочување на 11 летови, а околу 60 откажани, изјави портпаролот на аеродромот.
После тоа, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека безбедносните мерки на аеродромот во Минхен „ќе се преиспитаат“.