39
Škoda Motorsport има многу интересен концепт, кој се нарекува Enyaq RS Race.
Станува збор за кросовер купе со високи перформанси, кој е подготвен за патеката. Има целосно електричен погон, како и голем број подобрувања фокусирани на намалување на тежината.
Концептот доби браници со агресивен дизајн и аеродинамичен комплет за каросерија, а има и минималистичка предна табла со затемнети фарови од страните.
Погонскиот систем остана ист, има батерија со капацитет од 82 kWh, како и два електромотори кои испорачуваат 340 КС. Концептот има погон на четири тркала и забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 5 секунди.
На стандардниот модел му се потребни 5,5 секунди за да ја изврши истата работа.