Лејди Гага го нарече својот партнер, бизнисменот Мајкл Полански, „мојот вереник“ кога се сретна со францускиот премиер Габриел Атала.
Двојката присуствуваше на натпревар во пливање на Олимпијадата во Париз, кога Лејди Гага беше снимена како разговара со Атала. „Ова е мојот вереник Мајкл“, му рекла таа на францускиот премиер.
Атал го сподели видеото на својот TikTok, а под објавата имаше многу коментари кои гласеа: „Гага се вери“.
@gabriel_attal Thank you Lady Gaga for your stunning performance at the opening ceremony. It was breathtaking. 🤩🫶
Во април оваа година, пејачката поттикна гласини за веридба откако обожавателите забележаа огромен дијамантски прстен на нејзината рака.
Лејди Гага е во врска со Мајкл Полански од 2019 година.
Да потсетиме дека Лејди Гага пееше на отворањето на Олимписките игри во Париз. Таа ја изведе песната Mon Truc en Plumes на Zizi Jeanmaire. Таа пееше на француски, а присутните ги поздрави со зборовите „добредојдовте во Париз“.
Откако се спушти по скалите, Гага свиреше на клавир и го испеа рефренот на песната. Ова е првпат Гага да настапува на Олимпијада.