📽Lexus Sport Concept со светска премиера во Калифорнија

На традиционалниот настан „Недела на автомобили во Монтереј“, Lexus го претстави својот Sport Concept.

од Vladimir Zorba
14 прегледи

На традиционалниот настан „Недела на автомобили во Монтереј“, Lexus го претстави својот Sport Concept.

Ова е најава за модел што многумина веќе го нарекуваат LFR, а надворешниот дизајн изгледа како мешавина од легендарниот LFA и елегантниот LC500.

Lexus сè уште не објави технички детали, како и фотографии од ентериерот, но се очекува наскоро да излезат повеќе информации.

Она што е познато: автомобилот има V8 со два турбополначи, моторот е поставен напред, а моќноста се испраќа на задните тркала, пишува Motor1.

Овој модел е планиран и да послужи како основа за новата GT3 тркачка верзија на Toyota.

На концептот може да се видат неколку интересни детали – на пример, издувните цевки се наоѓаат под задното крило, а огромниот отвор на задниот дел наликува на LFA.

Секако, некои детали се чиста „концептна фантазија“ и нема да се појават на серискиот модел, но се очекува дека конечниот изглед на автомобилот ќе биде многу сличен на овој.

Lexus намерно сокри некои елементи – како што е ентериерот, а сите натписи освен логото на Bridgestone се отстранети од гумите. Обликот на капакот на моторот јасно покажува дека моторот е поставен длабоко зад предната оска.

Toyota и Lexus го користеа AMG GT R како референца за време на развојот на моделот, со оглед на тоа што е еден од најдобрите спортски автомобили со мотор напред и погон на задните тркала.

Првпат го видовме овој автомобил како концепт за трки Toyota GR GT3 уште во 2022 година, а сега за прв пат имаме увид во тоа како изгледа неговата Lexus верзија наменета за возење на пат.

Во официјално соопштение, Lexus вели: „Овој прогресивен, ориентиран кон иднината и во исто време автентичен спортски автомобил ја претставува насоката во која ќе се движи дизајнот на Lexus. Инспиративниот концепт комбинира динамични и емоционални елементи во визија за спортска икона од новата генерација.“