45
Maserati MC20 постави нов брзински рекорд иако не го возел возач, туку технологија со вештачка интелигенција.
MC20 постигна брзина од 318 km/h, што е нов брзински рекорд, а втор по ред постигнат кога автомобилот се движел со помош на AI технологија.
Овој проект ги спои најголемиот италијански научно-технолошки универзитет, Politecnico di Milano, и тркачката серија Indy Autonomous Challenge со заедничка цел да постави нов рекорд.
Во тоа успеале по возењето во вселенскиот центар Кенеди, локацијата каде што полетуваат и слетуваат вселенските шатлови на американската вселенска компанија НАСА.
Пистата беше идеална бидејќи нејзината должина од околу 4.572 метри му овозможува на автомобилот да достигне големи брзини.