Novitec понуди нов пакет на модификации за Ferrari 296 GTB, кој меѓу другото вклучува издувен систем, модифицирана суспензија, комплет нови тркала, префинет ентериер и поголема моќност.
Хибридниот погон на Ferrari 296 GTB комбинира 2,9-литарски V6 твин-турбо мотор и електричен мотор за вкупно 611 kW/830 КС, додека оваа верзија на Novitec има 638 kW/868 КС.
Новиот издувен систем е направен од лесен Inconel, со издувни цевки од 102 mm и изменет звук.
Има и каросерија Aero од јаглеродни влакна, тркала Vossen од 21 и 22 инчи, модифицирана суспензија (автомобилот е понизок за 35 мм), хидрауличен систем за подигнување на носот и листа на опции за украсување во внатрешноста.