Полиција во јужниот индиски град Бангалор ја прекина уличната свирка на британската поп ѕвезда Ед Ширан, велејќи дека тој ги нема потребните дозволи, објави во понеделникот Би-Би-Си.
Видеото на кое се гледа како локален полицаец го исклучува микрофонот на Ширан на прометната улица во Бангалор, оттогаш стана вирална на социјалните мрежи.
Официјални лица изјавија за новинската агенција АНИ дека барањето на тимот на Ширан да свири било одбиено за да се избегне метеж во областа.
Ed Sheeran seems like such an awesome guy
he was street busking in Bangalore and the police came and unplugged him 😭 pic.twitter.com/khWD9BACC9
— Sheel Mohnot (@pitdesi) February 9, 2025
Но, Ширан на Инстаграм рече дека „имале дозвола да свират“.
„Затоа, нашето свирење на таа локација беше однапред договорено. Не случајно се појавивме таму. Но, сè е во ред. Се гледаме вечерва на концертот“, додаде тој.
Инцидентот се случи пред неговиот настап на стадионот NICE Grounds во Бангалор како дел од турнејата на Шеран.
Обожавателите ја критикуваа полициската интервенција на интернет, при што една рече: „Живееме во владеење на нејасност. А шерифите не сакаат ништо повеќе од спречување на младите да се забавуваат“, мислејќи на многуте нејасни правила на однесување на јавни места во Индија.
Настапува како дел од турнеја
Сепак, PC Mohan, локален пратеник на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЈП), рече дека „дури и глобалните ѕвезди мора да се придржуваат до локалните правила – без дозвола, нема настап“.
Ширан е во Индија втора година по ред како дел од 15-дневна турнеја. Досега има настапувано во индиските градови Пуне, Хајдерабад и Ченаи, а закажани се дополнителни концерти во Шилонг на североистокот на земјата и во главниот град Делхи.
Побарувачката за концерти расте во Индија, а најголемата турнеја на Ширан во земјата доаѓа по неодамнешните настапи на Дуа Липа во Мумбаи и турнејата во повеќе градови на Колдплеј.
Поради зголемениот расположлив приход, Индија е нова „концертна економија“.