📽Porsche и Aimé Leon Dore го претставија уникатниот 993 Turbo

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Њујоршкиот моден и лајфстајл бренд Aimé Leon Dore (ALD) во соработка со Porsche ја претстави својата најнова креација, а тоа е единствениот Porsche 993 Turbo. Ова е петти класичен модел кој е реставриран како дел од оваа соработка.

Познато е дека 993 Turbo има посебно место во историјата на спортските автомобили, придвижуван од најновата верзија на моторите со воздушно ладење на Porsche и поставува нови стандарди кога станува збор за перформансите, управувањето и издржливоста.

За време на реставрацијата, ALD го оживеа класичниот автомобил визуелно и технички. Тимот додаде спојлер, издувен систем и преден сплитер од 993 Turbo S, подобрувајќи го изгледот и аеродинамиката на автомобилот. Вниманието го привлекуваат 18-инчните бандажи на Porsche Turbo Twist, кои се обоени во зелена боја на Mulberry и содржат златни детали, а се опремени со гуми Michelin Pilot Sport PS2 од 18 инчи.

Внатрешноста е луксузна и обложена со темно кафеава кожа, со додадени детали од јагнешка волна, а наслоните на седиштата во зелена боја на Mulberry. Посебните детали вклучуваат логоа на ALD и Porsche на воланот и потпирачите за раце, месинг менувач на Unisphere, како и прагови на вратите со зборовите „A team from outta Queens with the American dream“.

ALD, исто така, создаде колекција инспирирана од ексклузивното Mulberry зелено Porsche 993 Turbo, кое вклучува облека и додатоци, вклучувајќи ја и многу очекуваната јакна Leather Club. Колекцијата е веќе достапна за обожавателите во продавниците на ALD и онлајн.

Ова е најновиот проект на ALD и Porsche, кои продолжуваат да ги спојуваат световите на модата и автомобилскиот дизајн, создавајќи искуства за љубителите на двата бренда.

Слични содржини