На последното збогување со музичката легенда Ози Озборн, неговата сопруга Шерон привлече внимание со моден детаљ што го носеше околу вратот.
Имено, Шерон носеше златно синџирче со прстен, а многу обожаватели препознаа дека станува збор за венчалниот прстен на Ози.
На социјалните мрежи брзо се појавија коментари од фановите.
„Шерон го носи венчалниот прстен на Ози додека тагува по него. Те сакаме, Шез“, напиша еден корисник.
Sharon Osbourne cries and makes sign to cheering crowd
Ozzy Osbourne’s family led tributes to the rock star at his funeral procession this afternoon pic.twitter.com/7iVd4tMtZj
— The Telegraph (@Telegraph) July 30, 2025
Други додадоа дека станува збор за прстенот кој Ози го носел од обновата на брачните завети во 2017 година, заедно со оригиналниот венчален прстен од 1982.
Шерон и Ози се запознале уште во 1970 година, а поблизок однос започнале во 1979, кога Шерон почнала да ја води неговата соло кариера. Се венчале во 1982 и добиле три деца. Иако се соочиле со криза во 2016 година, парот ги обнови своите завети една година подоцна. Тогаш Ози изјави дека тоа за него бил „вистинскиот ден на венчавката“, нагласувајќи колку многу поминале заедно и колку тој нов почеток им значи.
Sharon Osbourne wearing Ozzy’s wedding ring on a chain around her neck at his funeral is absolutely heartbreaking 💔 pic.twitter.com/FWg4nXC4Ms
— Digital Gal (@DigitalGal_X) July 30, 2025
Освен сопругата, од Ози се простија и нивните деца Ајми, Кели и Џек. Емотивниот момент беше дополнително обележан со симболично подигање на рацете во знак на мир – со што семејството му оддаде почит на саканиот сопруг и татко, но и на музичката икона што многумина ќе ја паметат.