Во овогодинешната божиќна порака, кралот Чарлс одлучи да им оддаде почит на сите што му помогнаа на неговото семејство во 2024 година.
По една предизвикувачка година, во која кралот Чарлс и неговата снаа Кејт Мидлтон јавно зборуваа за нивните дијагнози за рак – англискиот монарх ја пренесе својата традиционална божиќна порака.
„Сите ние поминуваме низ некакво страдање во одреден момент од животот, без разлика дали е тоа ментално или физичко“, рекол 76-годишниот крал во однапред снимената порака.
„Нивото до кое меѓусебно си помагаме и се поддржуваме, без разлика дали сме верници или не, е мерка за нашата цивилизација. Денеска ви зборувам од поранешна болничка капела во Лондон“, продолжи тој и додаде:
„И јас особено мислам на илјадниците професионалци и волонтери овде во Велика Британија и низ Комонвелтот, кои ги користат своите вештини и љубезност за да се грижат за другите, често на свој трошок“.
„Од лична перспектива, упатувам посебна, искрена благодарност до несебичните лекари и медицински сестри кои ме поддржаа мене и другите членови на моето семејство оваа година низ неизвесноста и болката од болеста и ја обезбедија потребната сила, грижа и утеха. “ рече Чарлс.
„Длабоко сум им благодарен на сите оние кои ни испратија убави зборови и охрабрување“, додаде тој.
Во февруари Бакингемската палата објави дека на Чарлс му бил дијагностициран рак и дека ќе започне со лекување.
„Би сакал да ја изразам мојата најискрена благодарност за многуте пораки за поддршка и добри желби што ги добив во последните денови“, рече Чарлс на 10 февруари.
„Како што знае секој кој бил погоден од рак, таквите љубезни мисли се најголема утеха и охрабрување“.
“Across the Commonwealth, we are held together by a willingness to listen to each other, to learn from one another and to find just how much we have in common.”
📺 Today, in his annual Christmas Broadcast, His Majesty has spoken of the importance of supporting and learning from… pic.twitter.com/Xej3yvyolc
— The Royal Family (@RoyalFamily) December 25, 2024
Еден месец подоцна, Кејт Мидлтон проговори за нејзината здравствена состојба.
„Тоа беше исклучително тешко време за целото наше семејство“, сподели принцезата од Велс во видео пораката на 22 март.
„Во јануари имав голема операција во Лондон и тогаш се сметаше дека мојата состојба не е поврзана со рак. Операцијата беше успешна“, изјави таа.
Меѓутоа, откако тестовите открија дека има рак, лекарите ја советуваа Кејт да започне превентивна хемотерапија.
„Како што можете да замислите, беше потребно време“, сподели таа.
„Беше потребно време да им објаснат сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што им одговара и да ги уверам дека се ќе биде во ред“.
Кејт сподели дека го завршила третманот со хемотерапија во септември, а извор од Бакингемската палата неодамна изјави за NBC News дека Чарлс продолжува да се движи во позитивна насока, истакнувајќи дека неговиот рак е „под контрола“ и дека неговото лекување ќе трае до следната година.