📽Саинц и Леклер го тестираа Ferrari F80

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Карлос Саинц и Шарл Леклер, возачи на тимот на Ferrari во Формула 1, имаа можност да го возат новиот хиперавтомобил од Маранело, а тоа е F80.

Тестирањето е направено за потребите на снимање на промотивно видео, а се чини дека е направено малку пред официјалното претставување на моделот F80 бидејќи има камуфлажа.

Саинц и Леклер го возеле на патеката „Фиорано“ во Италија и ги доживеале 1.200 КС што ги испорачува неговиот електрифициран V6 мотор.

Очекувано, возачите на Ф1 го пофалија новиот хиперавтомобил, но не му требаше промоција, бидејќи F80 е веќе распродадено иако го придвижува V6 мотор за кој од Маранело тврдат дека е „подобар од стариот V12 мотор“.

Производството ќе започне дури на крајот на следната година, само 799 автомобили ќе излезат од лентите, а секој од нив ќе чини 3,6 милиони евра.

Иако се уште нема потврда, можно е во понудата да има кабриолет.

Слични содржини