📽Шек вози „машина“ која е забранета во Европа, а еве зошто

од Vladimir Zorba
448 прегледи

Шекил О’Нил е секако еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, а по неговото пензионирање некогаш моќниот центар почна да го привлекува вниманието кон себе со случувањата надвор од теренот.

Меѓу другото, поранешниот прв пик на НБА драфтот и центар на бројни франшизи секогаш е во центарот на вниманието кога се во прашање болидите.

Неодамна, О’Нил беше во Европа, а интересно е што не смеел да го вози својот автомобил, дури и ако успеал да го донесе до Стариот континент, бидејќи тука е забранет.

Имено, Американецот во својата гаража има Tesla „Cybertruck“, кој припаѓа на електрични возила, а има автономија од околу 500 километри кога работи со полна моќ. Неговата максимална брзина е 210 километри на час, а од 0 до 100 забрзува за 2,6 секунди. Цената е вистинска ситница – 100.000 долари.

Патем, автомобилот е забранет во Европа бидејќи краевите се направени многу остри, што сè уште не е дозволено овде.

Интересно е што Шек има само една Tesla во својата гаража.

Слични содржини