Вознемирувачки сцени од Белград предизвикаа силни реакции на социјалните мрежи. На Инстаграм беше објавено видео на кое е прикажано бруталното малтретирање на постар човек од страна на млад човек, среде улица во Белград. Според описот на видеото, постариот човек не ни бил свесен дека се наоѓа на сред пат, кога младиот маж го запрел своето возило, излегол и започнал да го удира.
View this post on Instagram
Додека пешакот стои неподвижен и гледа во корпулентниот млад човек кој бесно му приоѓа, сè е снимено од камера од автомобил паркиран веднаш зад нив. Младиот човек прво го турка човекот кој паѓа на асфалтот, а потоа почнал да му удира шлаканици и во еден момент да го клоца.
Херој на денот е девојка, која истрчала од улицата и застанала меѓу насилникот и старецот. Се појавиле уште неколку лица кои му помогнале на повозрасниот да стане. Човекот кој беше претепан не се ни обиде да се одбрани.