📽Skywell Skyhome concept

од Vladimir Zorba
485 прегледи

Кинеската компанија Skywell го претставува концептот за електрична лимузина Skyhome, со најава дека следната година ќе пристигне сериска верзија.

Како што се наведува во кратката вест, Skyhome се базира на новата CE платформа со адаптивна воздушна суспензија. Димензиите на возилото се уште не се објавени, но јасно е дека се работи за прилично голем автомобил со пространа внатрешност.

Каросеријата на fastback-от има силуета слична на купе, покривот е целосно проѕирен, одзади е поставен прилагодлив спојлер, а ретровизорите се заменети со камери.

Внатре има голем мултимедијален дисплеј, додека за патниците одзади има екрани на потпирачите за грб на предните седишта и широк филмски екран кој може да се спушти од таванот доколку е потребно. Патниците во вториот ред имаат и своја единица за контрола на климата, маси на преклопување и мини бар.

Автомобилот има и автопилот од трето ниво и аудио систем со 21 звучник.

Skyhome има погон на четири тркала, два електромотори со 460 kW/625 КС, а забрзувањето до 100 km/h трае 3,5 секунди. Од фабриката тврдат дека за 490 километри ќе бидат потребни само 10 минути полнење.