📽Тајна холивудска венчавка: Познати актери сега се семејство

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Две легендарни имиња во американската комедија, Еди Марфи и Мартин Лоренс, сега се – семејство. Нивните деца, Ерик Марфи и Џасмин Пејџ Лоренс, го изненадија своето семејство и јавноста со тоа што се венчаа на мала црковна церемонија пред околу две недели, што успешно ја чуваа во тајност до сега.

Еди Марфи ја откри веста за време на гостувањето во шоуто на Џенифер Хадсон, каде што со насмевка рече: „Сите планираа голема венчавка, а потоа решија да направат нешто тивко, онака како што двајцата сакаа.“

Тој додаде и дека сега официјално се семејство, и на шега коментираше како неговиот пријател Мартин конечно е ослободен од обврската да организира голема венчавка.

Мaрфи откри дека Ерик и Џасмин го кажале своето судбоносно „Да“ без никаква помпа, само во присуство на свештеник. Сепак, семејната прослава не е исклучена – „веројатно ќе имаме поголема прослава подоцна“, наговести тој.

Двојката ја објави својата свршувачка во видео на Инстаграм кон крајот на 2024 година. На романтичната снимка, Ерик ја носи Јасмин во простор украсен со бели ливчиња од роза и светлина од свеќи, каде што ѝ предлага брак пред срце украсено со пеперутки.

Насловот гласеше: „27.11.2024. Верени сме!! Бог навистина ни даде љубов што се чувствува како судбина. Пресреќни сме што го започнуваме ова ново поглавје.“

Слични содржини