📽Видео покажува колку наводно ќе биде тенок iPhone 17 Air

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Доколку Apple продолжи да се држи до актуелниот распоред, ќе ја претстави новата серија iPhone 17 во септември. Меѓу новите модели, особено се издвојува еден – iPhone 17 Air – кој се претпоставува дека ќе биде најтенкиот iPhone досега. Доаѓа како одговор на Apple за ултра тенкиот Samsung Galaxy S25 Edge, а според бројните гласини тој ќе биде уште потенок – 5,5 mm наспроти 6,4 mm.

Ако сте љубопитни колку навистина ќе биде тенок iPhone 17 Air, особено во споредба со другите модели од серијата, видеото подолу го покажува тоа.

Видеото покажува наводна макета на iPhone 17 Air – нефункционален прототип направен според достапните димензионални информации. Ваквите макети често се користат за да се оцени дизајнот и да се добие впечаток за уредот. Вреди да се напомене дека конкретниот модел има дебелина од 5,65 mm, што е малку повеќе од првично споменатите 5,5 mm, но сепак е исклучително тенок.

Се разбира, со толку мала дебелина доаѓаат и компромиси. iPhone 17 Air има само една задна камера и се очекува да има помал капацитет на батерија од другите модели од серијата.

Останува да видиме како овој модел ќе се покаже при тестовите за издржливост, особено при виткање.

Слични содржини