Xiaomi е речиси подготвен да го испорача својот водечки модел SU7 Ultra, кој е најавен како најбрзиот седан со четири врати и автомобилот што го собори рекордот во кругот на Нирбургринг.
Претпродажбата започна во октомври минатата година, а Xiaomi сега лансираше официјален конфигуратор. SU7 Ultra во основната верзија чини околу 73.000 долари, додека најскапиот модел чини 112.000 долари.
Оваа најскапа конфигурација има 1.547 КС и од 0 до 100 km/h достигнува за само 1,98 секунди. Опремен е со батерија Qilin 2.0 на CATL со капацитет од 93,7 kWh, која обезбедува опсег до 620 километри со едно полнење.
Извршниот директор на компанијата Леи Јун рече дека Xiaomi примила повеќе од 6.900 нарачки, не сметајќи ги преднарачките, а целта е да испорача 10.000 единици почнувајќи од април.
SU7 се покажа како многу успешен, а Xiaomi веќе испорача повеќе од 150.000 единици, што значително ја надминува првичната цел. Оваа година има намера да испорача 300.000 примероци од овој модел.