Ако сте клиент, кој е подготвен да даде 1.000 евра за килограм сирење, можете да изберете српско сирење од магарешка млеко, нарекувано Пулен, пренесе “Дејли Меил”. Изданието прецизира дека скапиот производ може да биде најден само во српскиот природен резерват Задавица.
Слободан Симиќ произведува сирење од хергеле од 140 магариња, само 12 од кои даваат млеко во секое време. Тој вели: “Она што го прави толку исклучително е дека само ние во светот сме во можност да обезбедиме магарешко сирење”. Според некои експерти магарешкото млеко носи медицински бенефиции на потрошувачите, бидејќи е слично по состав на мајчиното млеко. Освен тоа содржи и хипоалергична состојка, со мал процент на масти е, но пак содржи 60 пати повеќе витамин Ц од крајо млеко.
Причината сирењето да е толку скапо е во тоа дека тоа е многу ретко, а пак неговото производство е инзвонредно скапо. Еден литар магарешко млеко чини 40 евра, а за производство на 1 кг. сирење се потребни околу 25 литри млеко.