1.180 административни службеници го потпишаа решението за систематизација

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците соопштува дека 1.180 од вкупно 1.349 административни службеници ги потпишале своите нови решенија за вработување и во рок предвиден со закон, тие ќе започнат со работа.

26 од административните службеници одбија да ги потпишат новите решенија за вработување. Вработените кои не ги потпишале решенијата, им престанува работниот однос во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и истите се евидентираат во трансфер-листата на Министерството за Информатичко Општество и Администрација.

Раководните лица во институциите каде се распределени административните службеници вработени преку програмата К-5, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните
места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање од членот 4 од овој закон.

Во законскиот рок, Министерството за политички систем ќе ги распредели решенијата на уште 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле.

Голем дел од институциите од вкупно 237 каде административните службеници се веќе распределени, на адреса на Министерството за политички систем веќе испратиле известувања дека овие службеници наскоро ќе започнат со работа бидејќи нивните работни места се подготвени. Останатите институции исто така го информираа Министерството за политички систем дека се во процес на систематизирање на работните места дека нивните измени се веќе испратени за одобрување до Министерството за Информатичко Општество.

Слични содржини