1.690 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие

од Nikola Popovski
122 прегледи

Центарот за управување со кризи известува за примени 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 и за четири ПП интервенции врз запалени оџаци во последното деноноќие, при што едниот запален оџак предизвикал палење на поткровје на куќа.

Од ЦУК  појаснуваат дека од 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 41 %, а 59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 41,38%, кон Итната медицинска помош 48,01%, кон пожарникарите 3,08%, а 1% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, на број 940 повици (заедно од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1 % со другите 59% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање, а и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација, секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Воедно Центарот за управување со кризи потсетува и апелира за превентивно дејствување против пожари на оџаци, иако е во ек грејната сезона и тоа требало да се направи порано.

Слични содржини