Проблемите со зачнувањето почесто се поврзани со жените, но се покажува дека една третина од случаите на отежнато забременување (или неможноста за такво) се поврзани со плодноста на мажот. Значи, ако сакате да станете татко, подобро да се грижите за своето здравје и сперма пред да ја фрлите целата вина врз партнерот.0475198ed64b16e9c80f63e5ba956f82

Еве кои се советите на фертилниот експерт од Бристол д-р Валентин Аканде:

1. Запрете со цигарите

Никотинот, катранот и хемикалиите во тутунските производи ја намалуваат подвижноста и квалитетот на сперматозоидите.

2. Намалете со алкохолот

Алкохолните пијалоци влијаат на производството на сперма, како и го намалуваат нивото на тестостерон во организмот, кој е важен во процесот на оплодување.

3. Држете ги “богатствата” на ладно

Прекумерното загревање на тестисите го намалува квалитетот и квантитетот на производството на сперма. Шутнете ги тесните фармерки и панталони и обложете се на боксерки.

4. Не претерувајте со спортот

Ако се празните до смрт во салата не само што ќе се влоши здравјето, туку и ќе ја оштетите својата семена течност. Превежбувањето води до намалување на производството на сперма.

5. Избегнувајте да возите долго велосипед

Велосипедизмот е доста популарен начин на движење не само на патеките, туку и во градот. Долгото седење на тесното седиште и триењето на вашите интимни делови со него, сепак, може да влијае на плодноста. Притискање на облеката и постелнината кон фината кожа нема позитивно влијание на сперматозоидите.

6. Намалете ја тежината

Десетици истражувања покажуваат дека мажите со прекумерна тежина потешко успеваат да ја забременат партнерката. Вишокот килограми се одразуваат на подвижноста на сперматозоидите, на нивното количество и квалитет.

7. Пијте витамини

Витамините се важни за целокупното здравје и тонус и исто така помагаат за плодноста.

8. Намалете го кофеинот

Малите количини кофеин се корисни за плодноста на мажите, но со претерувањето може да предизвикате контраефект. Не пијте повеќе од три шолји кафе на ден.

9. Консултирајте се со лекар

Ако сите овие трикови не ви помогнат да станете родител, задолжително консултирајте се со специјалист и подложете се на различни тестови за да го дефинирате проблемот.

10. Пратете го месечниот календар на партнерот

Познат факт е дека најповолен период за зачнување е кога жената е во овулација. Има тестови на пазарот и други алтернативни методи по кои таа може да го определи овој момент. Запознајте се со нејзиниот месечен календар и зголемете ги сексуалните контакти во овој период.

Слични содржини