Жените посветуваат огромно внимание на својот изглед, со надеж да го привлечат вниманието на спротивниот пол. Ако се надеваат на нешто повеќе од секс за една вечер, сепак треба да се повнимаваат и на друго.9dc0393a62523793b7c870db5a6f58f8

Во неодамнешна анкета на читателите на машкото списание Men’s Health, тие открија што според нив поседува совршената партнерка и тоа не се ограничува на тоа како изгледа.

Според резултатите таа:

1. Треба да се разбира со неговите пријатели. Не е потребно да гледаат заедно натпревари, но пак е недозволиво да “молчи како риба” и да прави гримаси, кога се наоколу.

2. Да му купува билети за натпреварот на својот саканиот тим. Жените сè уште тешко ја разбираат огромната страст на мажите кон некои спортови (особено фудбал), но таа е факт. Тој ќе остане силно импресиониран ако го изненадите со билет за натпревар, покажувајќи му дека сакате тој да се забавува и да е среќен.

3. Да не му купува облека. Некои дами брзаат да го сменат гардероберот на партнерот, без да го прашаат, што го тера да мисли дека таа не го одобрува неговиот стил.

4. Да не остава “женски” работи низ неговиот дом (во случај да не живеат заедно), за да не се почувствува приклештен и задушен.

5. Да му пишува мили SMS-и со кои ќе се заблагодари за прекрасната вечера или прошетка.

6. Да му дава брзи бакнежи, дури и пред други луѓе. Тоа му ја зголемува самодовербата.

7. А сепак да не претерува, некои работи остануваат за спалната соба.

8. Да го искушува. Да флертува со допир под масата, секси долна облека, која се покажува кога ќе се наведне пред него, тајна белешка – сите овие нешта ја диверзифицираат врската, а истовремено ја одржуваат страста и моментот на изненадување.

9. Да му готви. Неслучајно велат дека љубовта на мажот минува низ стомакот.

10. Да му дава комплименти, за да се чувствува ценет и сакан.