10 oд најпознатите шарени места на Земјата

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Несомнено кон крајот на зимата веќе не ни се сака сè околу нас да белее од снег, туку да сонуваме за боите и мирисот на пролетта.61b9a1534c73704dd6d11fe19130028e

Затоа решивме да ви покажеме некои од најпознатите шарени катчиња на Земјата, покриени со шарени цвеќиња и необични растенија.

Факт е дека светот е исполнет со прекрасни бои, слични на оние од соништата и замислите.

На нашата прекрасна, мистериозна планета има навистина уникатни места кои вреди да се видат и посетат во живо.

Ви претставуваме 10 од овие импресивни сценски пејзажи:

1. Полињата со лаванда во Франција.

Во летните месеци во некои области на францускиот Прованс можат да бидат забележани слични шарени слики во светло виолетова. Тоа се области со расцутена лаванда.

Фото: purewow.com

2. Прочида, Италија.

Прочида е мал остров во Јужна Италија, во реонот на Неапол. Тука внимание заслужуваат обоените куќи, кои се издигнуваат до брилијантно синото Средоземното Море. Токму на ова убаво место е снимен филмот “Талентираниот мистер Рипли”.

Фото: purewow.com

3. Цветната река Канјо Кристалес во Колумбија

Канјо Кристалес е нарекувана уште “реката на петте бои”. Таа е биолошко чудо, а убавите нејзини бои се должат на ретките видови алги, кои цветаат во водата.

Фото: purewow.com

4. Езерото Ретба во Сенегал.

Ова езеро е со боја на розова гума за џвакање, но водата не е за пиење. Бојата се должи на бактерии кои виреат во солените води. Вистината е дека највпечатливото езеро ја менува бојата во зависност од сезоната и времето – водата може да биде од темно лилава до розова, но има денови во кои таа изгледа како водата на секое друго езеро во светот.

Фото: purewow.com

5. Полињата со лалиња во Холандија.

Во пролетните месеци Холандија вреди да биде видена во целата нејзина боја. Токму тогаш во некои области на земјата има огромни полиња од беспрекорни лалиња и зумбули, во прекрасен сет на бои.

Фото: purewow.com

6. Големиот корален гребен во Австралија.

Ова чудо на природата е дом на повеќе од 400 видови корали, 500 видови алги и 1.500 вида егзотични риби. Сето ова создава една неверојатна палета на бои под водата.

Фото: purewow.com

7. Земјоделско земјиште во Луопинг, Кина.

Луопинг е мал округ во источниот дел на Јунан, Кина. Тука во текот на пролетта земјоделското земјиште се претвора во “Златно Море”. Ова се случува кога растението канони е во сезона на цветање.

Фото: purewow.com

8. Долината на хималајските цвеќе во Индија.

Ова место е вклучено во листата на светското наследство на УНЕСКО. На територијата на паркот не живеат луѓе и пасењето е забрането. Паркот е отворен само во периодот од јуни до октомври, по што таму има значителна снежна покривка. Над 500 цвеќиња го украсуваат шарениот килим, од кои најмногу се среќаваат орхидеи, булки, маргаритки, јаглика, невен и анемонии.

Фото: purewow.com

9. Парк “Шибазакура” во Јапонија

Во пролетта, полињата во подножјето на планината Фуџи, се покриваат со стотици илјади розови цвеќиња “Shibazakura” во различните нијанси на таа боја. Паркот се наоѓа во регионот Хигаши-мокото, на 25 километри јужно од централниот дел на Абашири. Името звучи чудно за нас, но на јапонски “шибазакура” значи “мов”. Стапувајки на територијата на паркот, ќе наидете на едно циклама Море.

Фото: purewow.com

10. Натрон, Танзанија.

Тоа плитко, солено и алкално езеро се наоѓа меѓу сувите и пусти терени во Северна Танзанија, достигнувајќи до границата со Кенија. Тоа е лоцирано меѓу кратерот Нгоронгоро и рамнините на Серенгети на запад и Килиманџаро на исток. Езерото е апсолутно непријатно за флората и фауната, но пак водата му е неверојатно црвена, дури портокалова, а бреговите му се  жолто-килибарна боја.

Фото: purewow.com