10 работи кои многу луѓе денес ги сметаат за нормални, а всушност се прилично иритирачки

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Неодамна на REDDIT се разви интересна дискусија за тоа кои работи станаа широко прифатени како „нормални“ во 2024 година, иако многумина не се согласуваат со овие трендови.

Учесниците ги споделија своите фрустрации со одредени општествени појави кои ги сметаат за проблематични.

Еве десет примери:

Нормализација на алкохол на сите видови настани

Една од често споменуваните теми беше сеприсутноста на алкохол на различни социјални настани, дури и оние наменети за деца. „Навистина ми пречи што консумирањето алкохол стана нормално на секој настан, од детски родендени до семејни собири. Што навистина им кажува тоа на нашите деца? праша еден корисник.

Непочитување на другите во јавен простор

Некои се согласија дека непочитувањето на другите во јавноста стана сеприсутно, речиси очекувано. „Во денешната култура, се чини дека стана сосема прифатливо да се биде груб со другите во јавноста“, забележаа тие, истакнувајќи дека основната пристојност често се занемарува.

Користење на мобилни телефони на каси

Една од специфичните фрустрации е поврзана со мобилните телефони на касите. „Да зборувате на мобилен додека стоите на касата е неверојатно грубо. Само почекајте малку и завршете го разговорот откако ќе завршите со купувањето“, истакнаа тие.

Високи цени за козметички услуги

За многумина, козметичките услуги станаа недостапни. „Одењето на фризер, на маникир или козметички третмани сега е луксуз. Овие цени се неверојатни и се повеќе се нормализираат“, предупреди еден од учесниците во дискусијата.

Жени кои ги бранат своите позиции

Еден коментар изразува незадоволство од социјалните очекувања кон жените. „Жените престануваат да бидат „дами“ во моментот кога ќе решат да се борат за своите социјални или политички ставови пред мажите“, пишува еден корисник, посочувајќи на родовите стереотипи кои се уште се присутни во секојдневниот живот.

Слушање музика на мобилен телефон во јавност без слушалки

Друга честа поплака беше за луѓе кои користат мобилни телефони без слушалки на јавни места. „Ако седам во кафуле и сакам да уживам во пијачка и тишина, не сакам да ја слушам вашата лоша музика или видео од вашето ноќно излегување. Слушалките постојат со причина“, гласи еден коментар.

Обвинување на наставниците за сите проблеми во образованието

Учесниците на дискусијата се осврнаа и на проблемите во образовниот систем. „Стана вообичаено да се обвинуваат наставниците за лошите резултати на учениците, лошото однесување и сите други проблеми во училиштата. Ова е едноставно неправедно“, нагласуваат тие.

Прекувремено без дополнителен надомест

Некои го изразија своето незадоволство од очекувањата на работното место. „Работам 40 часа неделно – не барајте од мене да работам минута повеќе од тоа! рече кратко и јасно еден корисник, револтиран од културата што подразбира постојана достапност на вработените.

Комуникација во слободно време

Интровертите истакнаа дека често им е тешко да одржуваат социјални контакти надвор од работата. „Мојата работа бара да комуницирам со луѓето цел ден, па кога ќе се вратам дома, последното нешто што сакам да направам е да праќам пораки или да разговарам на телефон. Тоа е моето време да се опуштам“, објасни еден корисник, додавајќи дека слободното време е за полнење на батериите.

„Гостинг“ во врските

Бројни реакции предизвика и појавата на „гостинг“, односно исчезнувањето без трага во комуникацијата. „Гостинг“ на апликации за запознавање со луѓе кои едвај ги познавате е донекаде разбирливо, но кога некој го прави тоа по долга врска, тоа е навистина сурово“, велат тие.

Слични содржини