100 години македонска авијација: Ковачевски и Дачиќ пред првиот воздухоплов „Илинденка“

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на јубилејниот аеромитинг по повод 100 години македонска авијација кој се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје.

Во рамки на настанот се одржа богата програма во која учествуваа над 30 различни воздухоплови од земјава и странство, како и падобранци од нашата земја и од целиот регион.

Беше изведено акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. На македонското небо, падобранците го развеаја најголемото државно знаме досега, а едриличарите реализираа акробации кои се стандардни за аеромитинзи. На аеромитингот, посетителите имаа уникатна можност да го видат првиот македонски воздухоплов „Илинденка“ дизајниран и произведен во нашата држава од членови на Аероклубот Скопје. Специјални гости на настанот беа авионите на воздушните сили на Србија, Италија и Грција кои имаа свои изведби.

На настанот присуствуваа и се обратија министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри и претставниците од Аероклубот Скопје, Дејан Саздовски и Јане Стефанов.

Слични содржини