Вчера баба Христина Костова Бакалова од Петричко село Јаворница во Бугарија го прослави 100-от роденден. Прославата беше организиран во кругот на нејзиното семејство.Во текот на целиот свој живот баба Христина се занимавала со земјоделство. Таа има четири деца – тројца синови и една ќерка. Бабата уште ужива во осумте внучиња и четирите правнучиња, пренесува struma.bg.

Баба Христина ретко е пиела таблети до пред еден месец, кога морала да оди во болница. Нејзината ќерка Надежда вели дека нејзината мајка никогаш не внимавала пто треба да јадее, но најмногу сакала да јаде месо. Таа и денеска си ја испи својата чаша пиво.
На јубилејо Христина била почестена и од градоначалникот на општината инж. Вељо Илиев од кого добила парична, а за првите 100 години добила и торта.
Прославата на баба Христина минала во многу добро расположение за што таа рекла:
“Да сте живи и здрави сите”, им посакала на неколку пати на присутните. Нејзините блиски им заблагодариле на вработените во Петричко и во болницата во Сандански за сериозните грижи кои ги вложувааат за постарата жена, која е на лекување.