165
Синоќа во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар, соопштија денеска од МВР.
При контролата во објектот биле затекнати 11 лица сите од Битола.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.