11 НОЕМВРИ Е ДЕНОТ КОГА СЕ МОЖНИ ЧУДА: Што претставува бројот и што ќе ви донесе овој уникатен ден

од Берта Китинска
570 прегледи

Духовното значење на бројот 11 и на датумот 11.11

Дали некогаш сте се почувствувале привлечени кон бројот 11, или пак кон низи како 11.11? Дали можеби често забележувате 11.11 на вашиот часовник? Дали ова ви се случува на разни места, како сметки, регистрации на автомобили и слично?

Ова не е случајност, туку повик од универзумот кој сака да ви каже за промената или духовното будење кое ви претстои. Бројот 11 е навистина посебен број во универзумот. Според нумерологијата, 11 е поврзан со особините како трпеливост, искреност, духовност, чувствителност и интуиција. Многу често овој број се смета за идеален.

Наречен е Главен број бидејќи има небесна вибрација која прави желбите и соништата лесно да се остварат. Се верува дека 11 е бројот на духовното будење и го симболизира проширувањето на свеста. 11-тиот ден од 11-тиот месец станува многу посебен бидејќи вибрацијата на бројот 11 станува посилна.

1111 е бројот на небесните суштества, кој го користат за да комуницираат со нас, да ни помогнат да одиме по нашиот пат и да нè водат кон посветла иднина. Па поради ова, 1111 е поврзан со одење по нашиот пат и вибрирање на фреквенцијата на нашите желби и соништа.

Како да ја постигнете оваа фреквенција на 11.11?

Можете да направите многу едноставен ритуал или пак доволно е само да посветите внимание на работите кои сакате да ви се остварат во животот.

Како да ги остварите вашите желби на 11 ноември додека владее енергијата на магичната серија 11-11 – направете го следново:

  • Чувајте го вашиот ум јасен и отворен
  • Обрнете внимание на деталите и знаците
  • Правилно визуелизирајте ги целите и желбите
  • Фокусирајте се на позитивното и хармонијата

Многу е важно да останете крајно искрени кон себе, внимателно да размислувате за своите постапки и да постапувате чесно и разноврсно. На овој датум не треба да се занемарат соништата, бидејќи во нив можат да се кријат важни пораки на потсвеста и интуицијата. Исто така, порталот кој се отвора на 11 ноември не потсетува дека не сме сами на овој свет и дека е многу важно да се однесуваме кон другите со љубов, добрина и сочувство.

Слични содржини