11 реплики кои не се карактеристични за паметните луѓе

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Постојат некои работи кои најпаметните луѓе избегнуваат да ги кажуваат, особено за време на работа. Овие фрази носат специјална порака и го уништуваат имиџот на човек.4bc30447a40451c62d362297b8236d7f

Со нивното изговорување, човек почнува да изгледа некомпетентен и да греши.

Овие фрази се натоварени со негативни последици и би можеле да ја поткопаат кариерата на секој кој ги користи. Еве ги и нив:

“Не е фер! Животот не е фер. “

Велејќи го тоа се претпоставува дека вие мислите дека животот би требало да биде фер кон вас што звучи незрело и наивно.

“Ова е начинот на кој треба да се прават работите!”

Во денешно време човек треба да биде флексибилен, инаку нема да е во чекор со случувањата. Ако користите слична реплика, вие ќе изгледате мрзелив и тврдоглав и вашиот шеф нема да биде задоволен.

“Нема проблем.”

Кога некој сака да ви се заблагодари за некоја услуга која сте му направиле и вие му кажете дека нема проблем, вие навестувате дека всушност има проблем. Тоа ги тера луѓето да се чувствуваат лошо. Подобро кажете нешто како: “Беше задоволство за мене.”

“Мислам дека имам една глупава идеја.”

Оваа премногу пасивна фраза моментално ја поткопува довербата во човек. Подобро кажете дека имате одлична идеја и не се обидувајте да бидете најлош критичар. Ако не сте сигурни, не покажувајте.

“Тоа ќе ми одземе само една минута.”

Ова создава впечаток дека сите други имаат многу повеќе работа да завршат од вас.Значи вие си го девалвирате трудот. Не двоумете се да кажете дека вашата задача е доволно комплексна и бара внимание.

“Добро, ќе пробам.”

Ова звучи неодлучно и претпоставува дека немате доверба во вашата способност да ја исполните задачата.

“Тој е мрзелив и неспособен идиот.”

Слична навредлива забелешка кон колега звучи премногу грда и на крајот ќе изгледате како идиот. Ако немате овластување да отпуштите одреден човек, тогаш не го озборувајте  зад неговиот грб колку е ѓубре.

“Тоа не е во описот моето работно место.”

Оваа фраза покажува дека вие работите на минимумот од своите способности, колку да помине платата.

“Тоа не е моја вина.”

Никогаш не ја префрлувајте вината на своите колеги и не ги покажувајте со прст. Бидете одговорни. Ако нешто не е во ред заради вас – признајте и објаснете што се случило. Држете се до фактите и нека вашиот шеф ги донесе  заклучоците за тоа кој е виновен.

“Не можам.”

Не можам, често значи не сакам. Особено во светот на бизнисот. Ако не можете нешто конкретно, понудете алтернатива. На пример, наместо да кажете “Не можам да останам доцна вечерва”, кажете “Можам да дојдам порано утре наутро.”

“Ја мразам оваа работа.”

Никој не сака да ве слуша како се жалите од работа. Така ќе добиете име на негативна личност, која го намалува моралот на тимот. Шефовите не ги сакаат скептиците кои ги влечат колегите и фирмата надолу. Ако ве почувствуваат веднаш ќе ве сменат со некој ентузијаст!