Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.
Во Скопје:
Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:
66 Маврови Анови, 43 Лазарополе, 37 Крушево, 11 Битола, 8 Пожаране, 3 Тополчани, 1 Берово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2):
1 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
-11 Маврово, -8 Крушево и Лазарополе, -7 Берово, -6 Кр.Паланка, -5 Охрид, Битола, и Претор, -3 Прилеп и Виница, -2 Тетово, Штип и Д.Капија, -1 Кавадарци и Куманово, 0 Скопје-Петровец и Струмица, 1 Скопје-З.Рид и Дојран и 2 во Гевгелија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:
Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, на места со засилен северен ветер. Во Маврово и Пожаране провејува снег.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Следува период на стабилно и суво време. Утринската температура на повеќе места ќе биде под нулата, а од петок температурите ќе бидат во пораст.
За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
