Хамилтон удри механичар во боксот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Интересно беше на вториот слободен тренинг во Сочи, каде што возачите се подготвуваат за Големата награда на Русија.

Дознавме дека Макс Верстапен ја сменил погонската единица и ќе стартува од последното место на почетокот на неделната трка, а истото го направи и Шарл Леклер (Ферари) порано.

Најбрз на вториот тренинг беше Валтери Ботас со време 1: 33.593, а инцидент се случи на крајот од тренингот. Џовинаци изгуби контрола над возилото и заврши надвор од патеката, па така беше прикажано црвено знаме.

Втор заврши Хамилтон, кој е актерот во најинтересната ситуација на овој тренинг. Имено, пред да влезе во боксот, Британецот собори свој механичар бидејќи не застанапред него на време.

Хамилтон заборави на „магичното копче“ кое се однесува на режимот во кој се наоѓаат сопирачките. Хамилтон брзо се извини, и за среќа немаше сериозни последици за механичарот.

Слични содржини