12-годишно девојче почина од коронавирус во Хрватска

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Во Хрватска, која бележи нов раст на новозаразени со коронавирусот, 12 лица починаа за еден ден, вклучувајќи и 12-годишно девојче, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Според претставникот на Министерството за здравство, Вера Каталиниќ-Јанковиќ имала проблеми со срцето.

„Само што добивме информација дека детето починало од Ковид и дека станува збор за тежок срцев коморбидитет, а засега немаме други податоци“, прецизира директорот на Институтот за јавно здравје, Крунослав Чапак.

Слични содржини