12 годишно девојче загина во страшниот земјотрес во Хрватска

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Првите сцени по земјотресот во хрватскиот град Петриња се ужасни, половина град е уништен. Се слушаат врисоци, има повредени. Едно дете почина во Петриња, потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.

„Тоа е како Хирошима, нема половина град. Во моментов сум пред мртва девојка која почина, чекаме помош“, рече Думбовиќ во интервју за ХРТ.

„Извлековме мало дете од четири години, градот е уништен, веќе не е можно да се живее во него. Катастрофа, мајки кои плачат за своите деца. Жена ми ми се јавува, нешто и паднало на главата. Ни треба помош, потребни ни се служби за итни случаи“, извика тој.

Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.

Сите достапни противпожарни екипи од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините.

Татко и дете биле извлечени од катна станбена зграда и со возило на брза помош биле пренесени во болница. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носила.

Слични содржини