12 сантиметри снег во Маврови Анови

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Во Лазарополе, Тетово и Скопје – Петровец утрово е најстудено, -2 степени, а најмногу снег, 12 сантиметри, има во Маврови Анови.

Како што информира УХМР, до 07:30 часот се измерени -1 степен во Берово, Куманово и Маврови Анови, 0 во Битола, Демир Капија и Попова Шапка,1 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица, Крива Паланка и Дебар, 2 во Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Претор, 3 во Крушево и 4 во Виница и Гевгелија.

Според УХМР, времето денеска е сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира густа магла. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Слични содржини