Во „турскиот свет“ е Балканот и дел од Русија, Ердоган доби карта од својот сојузник

од Milan1
355 прегледи

Лидерот на националистичката партија на Националното движење на Турција, Девлет Бахчели, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му подари карта на турскиот свет, која опфаќа значителен дел од територијата на Русија, вклучувајќи ги Сибир и Балканот.

На Твитер профилот на движењето е објавена фотографија од Ердоган и Бахчели со мапа.

Според Бахчели, „турскиот свет“ вклучува дел од регионот на јужна Русија, источен Сибир, како и Балканот, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Синџанг Ујгурската автономна област на Кина, дел од територијата на Монголија и Иран.

На 12 ноември, Истанбул беше домаќин на самитот на Совет на туркофонски држави, на кој беше одлучено неговото име да се смени во Организација на туркофонски држави. Беше одобрен и Концептот на туркофонскиот свет за периодот до 2040 година. Оваа организација ги вклучува Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Турција и Узбекистан, а Туркменистан и Унгарија учествуваат како набљудувачи.

Партијата на националното движење на чело со Бахчели е со владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган во политички сојуз кој има мнозинство гласови во турскиот парламент.