125 санкции за брзо возење

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 125 возачи.

Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 68 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Слични содржини