13 600 убиени деца … Војната во Сирија во бројки

од desk3
95 прегледи

Утре во Женева започнуваат преговори за изнаоѓање на излез од сириската војна, во која загинаа стотици илјади луѓе и принудила милиони да ги напуштат своите домови. По овој повод агенција ДПА ја претставува војната во Сирија во бројки:

0000295873-article2

 

22,4 милиони – сириското население пред почетокот на војната пред пет години.

50 проценти – Уделот на населението што избега од Сирија или мораше да се премести од едно на друго место во пределите на Сирија поради војната. Така Сирија стана најголемата бегалска криза во светот.

6,6 милиони – Бројот на внатрешно раселените лица поради војната.

4,8 милиони – Бројот на бегалците од Сирија, кои се наоѓаат во Египет, Ирак, Јордан, Либан, Турција и северноафриканска земја. Повеќе од половина од нив се под 18 години.

898 000 – Бројот на Сиријците, кои аплицирале за азил во 37 земји во Европа во периодот април 2011 година – декември 2015 година

Ердоган поради „терор“ носи на суд стотици академици на Турција !?

191 000 – Бројот на загинатите во војната во Сирија од почетокот во март 2011 година до август 2014 година, кога инспекторите на ОН за човекови права престанаа да водат ваква статистика, бидејќи ги загубија своите извори во Сирија поради војната. Последователните податоци изнесени од ОН се само груби и приближни . Во август 2015 година ОН го оцени бројот на загинатите во војната во Сирија на 250 000 луѓе.

271 000 – Бројот на загинатите во војната според сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

123 000 – Бројот на убиените цивили според сирискиот Центар за набљудување на човековите права

13 600 – Бројот на убиените деца според сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

470 000 – Бројот на убиените во сириската војна според друга организација – сириски Центар за политички истражувања.

480 000 – Бројот на Сиријците кои живеат во области под опсада од владини или провладини сили, од опозициски борци или од екстремисти од групата Исламска држава. Податоците се на ОН. Според холандско-американска организација, што се нарекува “Набљудување на опсадата” бројот на луѓето во Сирија кои живеат под опсада, е 1 милион луѓе.

58 проценти – Уделот на болниците во Сирија, кои беа затворени или работат делумно поради војната.

55 проценти – Уделот на здравствените работници, кои веќе не се достапни во Сирија споредлив со податоците од пред војната.

2,1 милиони – Бројот на деца кои не одат на училиште во Сирија поради војната.

12 – Бројот на странските земји кои се вмешани во воздушни напади во Сирија, имено САД, Австралија, Бахреин, Канада, Јордан, Саудиска Арабија, Турција, ОАЕ, Франција, Велика Британија, Русија и Израел.

1,25 милиони тони – Храната, доставена од ОН и од хуманитарни агенции на луѓето во Сирија во последните пет години.

65 000 тони и 1,3 милијарди долари – Храната и ваучерите за храна за сириските бегалци кои живеат во држави од регионот.

6 милијарди долари – Парите за хуманитарна помош за Сирија и за блискоисточните земји, каде се сместени сириски бегалци, ветени од донатори на меѓународната конференција за Сирија, одржана во Лондон во февруари.

9 милијарди долари – Сумата, која е зацртаните како идна цел учесниците во лондонската конференција за Сирија.

11 – Бројот на извештаите подготвени од експерти за човекови права на ОН, во кои се содржат докази за злосторства против човештвото и воени злосторства во Сирија. Советот за безбедност на ОН треба да иницира постапка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг за извршени злосторства во Сирија.