13 факти за Леонардо ди Каприо по повод неговиот 45. роденден

386 прегледи

Денеска, 11 ноември, Леонардо ди Каприо го прославува својот 45 роденден. Низ годините на работа има дојдено до статус на вистински актер за кого режисерите се борат, а мами воздишки и кај жените ширум светот.
Препознатлив е по својот активизам како и познавател на колекциите на модерна уметност.

Најдовме 13 интересни факти за Леонардо, кои можеби не сте ги знаеле.

1. Името Леонардо го добил по Леонардо да Винчи бидејќи неговата мајка, додек била бремена, гледала во слика од Да Винчи во моментот кога нејзиниот син прв пат ја удрил во стомакот.

2. Кога имал 10 години за малку ќе го сменел своето име во Лени Вилијамс, бидејќи неговиот агент сметал дека Ди Каприо е многу етничко име и дека поради тоа ќе биде избегнуван во Холивуд.

3. Во текот на 90-тите бил дел од група пријатели кои себе си се нарекувале Pussy Posse. Во групата, меѓу останатите, бил и Тоби Мегвајр, режисерот Хармони Корин и илузионистот Давид Блејн.

4. Тоби Мегвајр и понатаму е негов најдобар пријател, а зедно снимиле само еден филм „Don’s Plu“. Меѓутоа, филмот бил толку лош што ди Каприо дал забрана филмот да не биде пуштен никогаш во кино, или на ДВД во САД.

5. На Леонардо му била понудела улогата на Патрик Батман во филмот „American Psyco“, но тој ја одбил бидејќи поголемиот број негови фанови биле млади девојќи. Леонардо ги одбил улогите и на Анакин во „Војна на ѕвездите“, Робин во филмот „Бетмен и Робин“, Неа во Матрикс, Спајдермен…

6. Ди Каприо навистина сакал да го глуми Големиот Гетсби, бидејќи го привлека приказната за човекот кој се издигнал од ништо благодарение на својата имагинација. Очигледно се препознал себе во таа приакзна.

7. Неговиот омилен режисер е Мартин Скорсезе со кој снимил дури пет филмови: „Бандите на Њујорк“, „Волкот од Волстрит“, „Островот Шатер“, „Авијатичарот“, „Покојните“.

8. За време на снимањето на филмот „Крвав дијамант“ работел до 24. сирачиња од Мозамбик, а со едно девојче толку многу се зближил што на некој начин ја посвоил. Редовно и праќа пари за живот и школување, па ден денес се во контакт.

9. Ди Каприо и Кејт Винслет во 2009 година заедно ги платиле доживотните трошоци за издржување на последната преживеана жена од Титаник за да не мора да ја продаде својата куќа.

10. Донирал преку 4 милиони долари за спасување на тигрите ширум светот. Поради тоа, дури и Владимир Путин го нарекол вистински маж.

11. Познат е како голем борец за заштита на планетата па одлучил својот птиватен остров, во близина на Бразил, да го претвори во еко-френдли ресорт во кој потполно ќе ги искористува природните ресурси.

12. И покрај гласините Ди Каприо тврди дека никогаш не пробал дрога. За тоа, вели дека може да биде благодарен на сиромаштијата со која пораснал.

13. Ди Каприо, очекувано, има обожавателки ширум светот, а женскиот фински рок бенд снимил и песна „I’m in Love with Leonardo DiCaprio“

Слични содржини