138 пијани возачи казнети во текот на изминатата ноќ

од Vladimir Zorba
445 прегледи

Во текот на изминатата вечер (28/29.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 138 пијани возачи.

Од нив, 30 на територијата на СВР Скопје, 24 на територија на СВР Битола, 21 на територијата на СВР Тетово… При акциската контрола откриени се и 166 други видови прекршоци.