Денеска се одблежуваат 14 години од потпишувањето на Рамковниот договор во вилата „Билјана“ во Охрид.
Со постигнувањето на договорот, на кој се потпишаа тогашниот претседателот на Македонија, Борис Трајковски, претседателите на политичките партии, претставници на ЕУ и на САД, разни советници и експерти, се стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година.
„Овој Рамковен договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на сите македонски граѓани“, стои, меѓу другото, во текстот на договорот.
Иако договорот имаше една цел, до ден-денес различно се толкува и има поделени мислења во однос на нужноста од потпишувањето и од начинот на спроведувањето.
Рамковниот договор, како и се во нашата држава, им подлегна на симптомите на партократијата и на политичкиот клиентелизам, така што се е сконцентрирано на елитите, а многу малку се води грижа за вистинските проблеми на граѓаните- вели за А1он Малинка Ристевска, директор на Институтот за европска политика, на денешната конференција на Секретеријатот за спороведување на Рамковниот договор, по повод 14 годишнината од неговото потпишување.
Видео: А1он
