Денеска, Генералното собрание на ОН усвои Резолуција со која се изразува најдолго жалење за руската агресија врз Украина и се бара Русија веднаш да престане да се заканува и да користи сила против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од меѓународно признатата територија на Украина.
За гласаа 141, против пет, а воздржани 35.
Против беа Русија, Белорусија, Сирија, Еритреја и Северна Кореја.
Усвоената резолуција ја потврдува посветеноста на Украина за суверенитет, независност, единство и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници. Исто така, изразува жалење за одлуката на Русија во однос на статусот на регионите Доњецк и Луганск во Украина, со барање Русија веднаш и безусловно да ја поништи таа одлука.
Се повикува на итно мирно решавање на конфликтот преку политички дијалог, преговори, посредување и други мирни средства, како и почитување на договорот од Минск. Исто така се изразува жалење за вмешаноста на Белорусија во нелегалната употреба на сила против Украина и го повикува Минск да се придржува до своите меѓународни обврски.