Левица Аеродром: Стојанова никаде ја нема да одговори зошто децата во „Љубен Лапе“ останаа без оброк

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Директорката Сања Стојанова никаде ја нема да одговори зошто децата во основното училиште Љубен Лапе останаа без оброк, а општината се секира за децата само кога Тимчо Муцунски треба да се слика и да тера дневен пиар врз детскиот грб, велат преку соопштение од Левица Аеродром.

„Имено поради доцнењето со тендерот за исхрана кој го распишала директорката на училиштето децата се оставени без топол оброк и на родителите им е кажано како знаат да се снаоѓаат.

Додека пак општината не реагира за тоа што директорот ги пробил роковите за тендерот за храна и го распишал непосредно пред почнувањето на училишната година наместо на време.

Поради неспособноста и нереагирањето на општината и директорката децата ќе бидат оставени како без книги, така и без оброк овој месец, а најверојатно и наредниот месец.

Неспособноста на централната власт предводена од СДС и локалната власт предводена од ДПМНЕ, само се пресликува до помалите институции.
Бараме од општината да ја санкционира новоназначената директорка и да пристапи кон нејзина итна смена од позицијата.

Потсетуваме дека и во минатото ова училиште во општина Аеродром се има соочено со разни други проблеми за што градоначалникот Муцунски ја смени претходната директорка од СДС и назначи свој кадар, но проблемите очигледно не се премостија и останааа да тлеат“, истакнаа од Левица.

Слични содржини