Велат дека Божиќ доаѓа порано секоја година, но шопинг гигантот “Selfridges” стигна до крајност, па отвори Божиќен маркет 143 дена пред празникот, објави “Индипендент”.
Во екот на летото во трговскиот центар се појави Божиќна продавница, сигурно првата во светот за оваа година. Во соопштението “Selfridges” признаваат за чудната одлука. “Во средината на летото сме, температурите се очекува да се зголемат, а летниот одмор е во полн замав. Одлично време е да ја посетите” Оксфорд стрит “и да го разгледате божиќниот магазин”, се вели во соопштението. Таму ќе може да најдете 150 различни светла и дрвја, десетици илјади украси за елка и многу широк спектар на украси за домот.
Елени, џуџиња и доста убедлив Дедо Мраз ќе ве пречекаат во волнени костуми, додека вие се шетате по апостолки. Според авторите на идејата раното отворање на продавницата ќе биде во корист на туристите кои сакаат, но нема да можат да го посетат Лондон по Божиќ, но сепак сонуваат да си однесат дома неколку сувенири. 
