652
Моментно еден од најдобрите напаѓачи во светскиот фудбал Килијан Мбапе ова лето ќе се раздели со ПСЖ и како што се шпекулира веќе долг период негов следен клуб ќе биде Реал Мадрид. Тренерот на францускиот клуб, Луис Енрике го сподели своето мислење за играчот на париските „светци“:
– Беше чест да се биде тренер на Килијан Мбапе. Тој секогаш беше идеал – пример за следење. Не можам да кажам ништо лошо за него. Немам ниту една поплака за тоа. Неговото однесување беше едноставно одлично – Канал+ ја цитира изјавата на тренерот.
На 10 мај напаѓачот објави дека ќе го напушти главниот град на Франција по завршувањето на оваа сезона.
Мбапе во последната година во дресот на ПСЖ одигра 47 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 44 гола и 10 асистенции.