Демонстрантите се собраа под слоганот “Ние, народот”.
Околу 15 000 луѓе дефилираа во Варшава, за да ги заштитат демократијата и да изразат солидарност со Лех Валенса, обвинет за соработка со поранешната тајна комунистичка полиција. Демонстрантите се собраа под слоганот “Ние, народот” по повикот на Комитетот за заштита на демократијата – граѓанско движење,кое се родило спонтано, за да се спротивстави на спорните мерки, воведени од владејачката партија Право и правда на Јарослав Качински. Демонстрантите носеа транспаренти кои изразуваат поддршка за историскиот лидер на синдикатот “Солидарност” Лех Валенса и го скандираа неговото име под шума од полски и европски знамиња. Седумдесет и две годишниот поранешен полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир е обвинет врз основа на откриени неодамна документи кај вдовицата на поранешниот комунистички министер за внатрешни работи Чеслав Кишчак дека соработувал во 70-тите години со комунистичките тајни служби. Валенса категорично негира и ги одредува документите како груб фалсификат.