15-годишен Британец, кој го носи името на славниот боксер Мохамед Али, стана милионер, благодарејќи на една видео игра што ја измислил кога имал 12 години.

Со помош на инструкции од ЈуТјуб, книги и информации на специјализирани интернет страници, сам научил да изработува компјутерски програми и пред три години ја осмислил играта „Проект 2006“, која само за еден месец по промовирањето привлекла повеќе од 3.000 он-лајн играчи.
– Бев шокиран од повратните информации. Имав повеќе од 100 илјади прегледи и над 3.000 членови кои беа регистрирани за играње и тоа за само еден месец по обајвувањето, изјави Али во интервју за радио Би-Би-Си.
15 годипниот Али е вистински млад претприемач кој заработува солидни приходи, имајќи пред вид дека секој кој сака да ја игра играта мора да плаќа по шест фунти месечно.
Покрај приходите од играта, Али заработува и преку неговата интернет страница за стручни информатички совети.
Но, тука е и неговата хумана страна- дел од парите што ги заработува, Али ги донира на повеќе организации кои се борат против сиромаштијата и гладта во севетот.